Детската мечта поскапе пред Денот на шегата
Од петстотини до илјада денари. Детската мечта поскапе пред Денот на шегата. Априлијада во градинките и училиштата на последниот ден од месец март.

Седумстотини за Снежана, шестотини за Елса, Спајдермен и Бетмен над илјада. Задоволството за најмалите поскапе пред први април. Родителите не штедат на маски и костими. Најмалите ги рушат табуата, девојчињата сѐ почесто сакаат да бидат суперхерои, момчињата- пеперутки.
Принцези, кловнови, пирати- растрчани низ училишните дворови и градинките. Еден ден порано, почнаа првоаприлските насмевки и шеги. Мили како Снежана и сирената Ариел- такви беа девојчињата, со Супермен и со Спајдермен се соживеаа момчињата. Беше весело за сите, па дури и за нивните наставнички.
Денеска маскенбалот во училиштата и градинките, а во сабота уште помасовно. Плоштадот Македонија ќе зрачи со позитивна енергија и насмевки. Претпладнето маскирани најмладите, вечерта резервирана за повозрасните.
Викторија Милевска
