Почвата околу РЕК Битола со голема концентација на фосфор
Почвата околу РЕК Битола е со многу голема концентација на фосфор- покажува истражувањето на експерите од Биотехничкиот факултет и Универзитетот Аристотел од Солун. Тие објаснуваат дека ова не влијае штетно по здравјето на луѓето, но е причина за пониски земјоделски приноси.

Теренските и лабораториските истражувања на прекуграничниот проект „TERRA MED“, покажуваат значително зголемена концентрација на фосфор на земјоделските површини во Пелагонија. Експертите утврдиле дека мало влијание има и разнсувањето на пепелта од РЕК Битола, а она поголемо закиселување на почвата е последица на прекумерното ѓубрење со хемиски препарати. Зголемената концентрација на фосфорот не вијае штетно по здравјето на консументите на земјоделските производи, но придонесува за послаб и понеквалитетен род. Преку изготвените податоци и процедурите на биоремедијацијата, експертите нудат соодветни решенија.
„Тоа се раствори кои се врзуваат со фосфорот, го преработуваат во себе и го преобразуваат во други соединенија кои нема да бидат штетни за самата почва или земјоделието“ вели кординаторот на проектот проф. д-р Иван Кунгуловски.
И покрај неодамнешните големи поплави истражувањето покажа дека микробиолошката состојба на почвата е стабилна, но за жал уште еднаш се потврди загаденоста на воздухот со штетните честички од тешките метали и од три до пет пати зголемена радиоактивност на пепелта во РЕК Битола. Експертите напоменуваат дека на депонијата, горната граница е многу висока, а опитите покажале присуство на честички и на мовта на Пелистер и дека ветерот ги разнесува и во атарот на општина Прилеп.
„Верувам дека дел од понуденото се состои и во протоколите на РЕК Битола. Имено, мора постајано да се врши затрупување и прскање на пепелта со соодветни адитиви со што би се спречило нејзиното ширење понатаму“, вели деканот на Факултетот за биотехнички науки, Љупче Кочоски.
Деканот Кочоски вели дека е задоволен од придонесот од нивна страна и дека ова им овозможило да аплицирааат и на други проекти, од кои некои веќе се одобрени во насока на потребата од изнаоѓање на решенија за заштита на животната средина.
Стевче Митревски
