Поефикасно и поевтино, спогодбено наместо судско решавање на работните спорови
Синдикатот и работодавците излегоа со порака- да се избегнува работните спорови да се решаваат по судски пат, за да се заштедат време и пари. Апелираат во постапките да се користи помирувач. Социјалните партнери тврдат дека се создадени услови за ефикасен дијалог во функција на економски и социјален развој.

Спогодбено решавање на колективните и индивидуални работни спорови е побрзо поефикасно, судските постапки траат со години. Ангажирањето на 40 лиценцирани помирувачи и арбитри ќе го забрза овој процес. Работодавачите и синдикатите апелираат, фирмите и работниците да го практикуваат вонсудското решение по мирен пат- штеди време и пари.
„Активностите за мирното решавање на работните спорови мора сами да ги продолжиме без помош на нашите донатори затоа што не е доволно да се донесе закон, да се изгради една институција или да се едуцираат помирувачи, ако не влијаеме врз свеста на работниците и работодавачите дека мирното решавање на работните спорови е многу поекономично и побрзо за разлика од тоа да се оди на суд“, изјави Ангел Димитров, претседател на Организација на работодавачи.
Речиси половина милион евра биле потрошени за ангажман на правната служба при синдикатите за судско решавање на работни спорови. Само четири се решени по мирен пат, се работи на зголемување на свеста кај работниците и работодавачите, овој начин да стане практика, спогодбено е поефикасно и поевтино. Формирана е трипартитивна комисија за издавање лиценци за помирувачи и арбитри, има и електронски регистар, внесени се 40- тина професионалци.
„Само со ангажман на нашата правна служба во 2013 и 2014 година се потрошени меѓу 400 и 500 илјади евра. Дополнително заштедате ќе биде поголема ако се додадат и сите спорови кои ги водат другите синдикати и кои самостојно ги водат работниците. Инаку, нашите служби годишно застапуваат во просек по 1.000 вакви спорови“, посочува Живко Митревски, претседател на ССМ.
Рак рана, проблемот со колективното договарње во неколку индустриски гранки, мегу нив и трговијата. Со измените на Законот за работни односи, ќе биде обврска за сите фирми со определен број вработени. Зголемување на довербата и дијалогот меѓу институциите, синдикатите и работодавачите клучен е поволен економски амбиент и социјален развој на земјата.
„Сметам дека сите партнери кои беа вклучени во реализацијата на активностите од овој проект треба да бидат задоволни затоа што завршена е навистина добра работа и вложени се многу енергија, експертиза и искуство, кои уверен сум дека ќе придонесат за натамошно зголемување на довербата и дијалогот меѓу институциите и организациите“, рече Антонио Грациози, претседател на МОТ.
Создадени се услови за ефикасен дијалог во функција на натамошен економски и социјален развој- тврдат институциите, синдикатите и работодавачите по завршува на европскиот проект вреден 1,3 милиони евра.
Сузана Фиданска- Стоевска
