Попоски во Брисел на состанок со министрите на ЕУ
На покана на Високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Кетрин Ештон, министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски денеска во Брисел ќе учествува на годишниот традиционален состанок на министрите за надворешни работи на земјите-членки на Европската унија и на земјите - кандидати за членство во ЕУ: Македонија, Исланд, Црна Гора, Србија и Турција.Главна тема на состанокот ќе биде Јужното и Источното соседство на ЕУ, при што дискусиите ќе се фокусираат на прашања поврзани со Втората женевска конференција за Сирија, уставниот процес во Еги
На покана на Високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Кетрин Ештон, министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски денеска во Брисел ќе учествува на годишниот традиционален состанок на министрите за надворешни работи на земјите-членки на Европската унија и на земјите - кандидати за членство во ЕУ: Македонија, Исланд, Црна Гора, Србија и Турција.Главна тема на состанокот ќе биде Јужното и Источното соседство на ЕУ, при што дискусиите ќе се фокусираат на прашања поврзани со Втората женевска конференција за Сирија, уставниот процес во Египет, Самитот на ЕУ за источното партнерство , царинската унија која ја промовира Руската Федерација, како и ситуацијата во Украина.Дел од разговорите ќе бидат посветени и на заклучоците од состанокот на Европскиот Совет за Заедничката безбедносна и одбранбена политика на ЕУво насока на идентификување на идните активности кои имаат за цел подобрување на ефикасноста на воените и цивилните мисии на Европската унија.
