Туск во Скопје на средба со Иванов

03.04.2017 08:01

Претседателот на Европскиот совет ќе има средба со македонскиот претседател Ѓорге Иванов на која, според најавите, ќе се разговара за мигрантската криза, улогата на Македонија во справувањето со неа, како и за политичката состојба во Македонија.

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск денеска е во посета на Република Македонија. Во 14 часот во Вилата Водно има средба со шефот на државатат Ѓорге Иванов, на која што ќе се разговара за илегалната миграција, но и за политичката криза во земјава.

По состанокот се очекуваат изјави од претседателот Иванов и од неговиот гостин- претседателот на Европскиот совет.

Средбата е дел од регионалната турнеја на Туск, кој изутрината разговараше со претседателот и со премиерот на Словенија, Пахор и Церар. Потоа Туск замимнува за Бугарија, а оттаму оди во Грција.

За две години, ова е трета посета на Доналд Туск на Република Македонија.