Александар Вучиќ избран за претседател на Србија

03.04.2017 08:20

Вучиќ доцна синоќа прогласи победа на изборите, истакнувајќи дека за него гласале повеќе од два милиони избирачи.

Српскиот премиер Александар Вучиќ победи на вчерашните претседателски избори во Србија, освојувајќи околку 55 проценти од гласовите, со што уште во првиот круг е избран за нов шеф на државата. 

Вучиќ доцна синоќа прогласи победа на изборите, истакнувајќи дека за него гласале повеќе од два милиони избирачи.

Многу сум горд на фактот дека добивме огромна доверба и од три милиони и 700 илјади луѓе кои гласаа, конечната проценка е дека добивме околку два милиони и 35 илјади гласови, изјави Вучиќ на прес-конференција во седиштето на неговата владејачка Српска напредна партија (СНС). 

Како што јави Танјуг, тој истакна дека на изборите добил околу 430.000 или 12 отсто повеќе гласови, отколку сите останати претседателски кандидати заедно.