Голем шумски пожар беснее на Скопска Црна Гора

03.04.2017 10:08

Со огнената стихија се справуваат пожарникарите и месното население. Пред малку имаше состанок на градските и општинските власти со пожарникарите и со надлежните од Дирекцијата за заштита и спасување.

Веќе 24 часа горат околу 500 хектари шума на Скопска Црна Гора. Пожарот сѐ уште не е локализиран поради непристапноста на теренот. Нема закани за локалното население, велат од скопската Противпожарна бригада. Пожарот е во близина на селата Булачани и Раштак, а ветерот го пренасочува и кон селото Матејче.

Со огнената стихија се справуваат пожарникарите и месното население. Пред малку имаше состанок на градските и општинските власти со пожарникарите и со надлежните од Дирекцијата за заштита и спасување.

Се претпоставува дека станува збор за човечки фактор и дека има намера во палењето на шумата.