Европскиот парламент оваа недела ќе го разгледа прашањето за Брегзит
03.04.2017 10:13
Акцент ќе биде ставен на неопходноста од обезбедување еднакви права за граѓаните на ЕУ, кои живеат во Велика Британија и за британските државјани кои живеат во Европа.

Европскиот парламент на заседанието во Стразбур ќе го разгледа прашањето за британскиот Брегзит. В среда ќе биде усвоена резолуција со главните позиции и цели на Парламентот во преговарачкиот процес со Лондон.
Акцент ќе биде ставен на неопходноста од обезбедување еднакви права за граѓаните на ЕУ, кои живеат во Велика Британија и за британските државјани кои живеат во Европа.
Европратениците утре ќе разгледаат преземање на итни мерки за справување со миграцискиот бран.
