Поволни станбени кредити- раздвижен пазар за градба

03.04.2017 10:45

Според Народна банка во февруари за повеќе од 14 проценти се зголемил бројот на станбени кредити. Банките и статистиката уверуваат дека има поволни кредити, се бараат станови. Се раздвижува пазарот на недвижности, но и во градежништвото зашто во јануари годинава за 40 проценти се зголемиле дозволите за градба.

Да се обезбеди покрив над главата е главното егзистензијално прашање за семејството. Во овие турболентни времиња банките и статистичарите од Народна банка тврдат: за преку 14 проценти се зголемил бројот на станбени кредити. Што значи тоа за реалниот живот?

Банките уверуваат- каматните стапки се релативно ниски, стабилни, нема нотарски, административни или трошоци за процена на имот. Граѓаните, оние со искуство во кредитирањето на семејните трошоци подготвени се да се согласат.

За градежниците и агенциите за недвижности поволното станбено кретитирање ги раздвижува градбата, понудата и побарувачката на станови. Цените се стабилизираат.

Според Државниот завод за статистика во јануари се издадени 368 одобренија за градба што е за 40 насто повеќе од лани. Најмногу во Скопскиот, а потоа во Пелагонискиот регион.

 

Елизабета Митреска