Он- лајн рекламирањето во пораст

03.04.2017 11:03

Он- лајн маркетингот доживува сѐ поголем раст. Средствата планирани за интернет-огласување имаат сѐ поголем удел во вкупните рекламни буџети на македонските компании. Дигиталниот маркетинг е поевтин, но и поефективен, велат експертите во оваа област.

Македонските компании се повеќе употребуваат нов маркетинг пристап. Своите буџети ги пренасочуваат кон он- лајн рекламирањето. Иновациите во ова поле ги донесе и популаризацијата на социјалните мрежи. Брендовите и потрошувачите интерактивно се поврзуваат. Производите побрзо се продаваат.

Компаниите кои подолго време го применуваат овој пристап го засилуваат своето присуство, има и нови огласувачи кои досега биле застапени само на традиционалните медиуми. Средствата планирани за интернет огласување почнуваат да заземаат се поголем удел во вкупните рекламни буџети.

Интернет маркетингот се претвори во многу повеќе само од промоција и рекламирање, велат експертите за социјални медиуми.

Он- лајн огласувањето доживува сѐ поголем раст. Податоците покажуваат дека во светски рамки рекламирањето на интернет ги надмина печатените медиуми. Дигиталниот маркетинг е поевтин, но и поефективен.

Сунчица Николоска