Ден по победата на претседателските избори, Вучиќ е во посета на Мостар
Ден по победата, Вучиќ е во работна посета на градот на Неретва заедно со хрватскиот член на претседателството на Босна и Херцеговина, Драган Човиќ пред Меѓународниот саем за земјоделство.

Премиерот на Србија Александар Вучиќ победи на претседателските избори со освоени 57,03 % од гласовите. Изрази задоволство од резултатот, потенцирајќи дека народот покажал во која насока сака да се движи земјата.
„Имаме безброј проблеми кои мора да ги решиме во наредните два месеца. Не чека многу работа. Сега ќе бидам и претседател на владата, и претседател на Србија“, изјави Вучиќ.
Ден по победата, Вучиќ е во работна посета на градот на Неретва заедно со хрватскиот член на претседателството на Босна и Херцеговина, Драган Човиќ пред Меѓународниот саем за земјоделство. Неодамна Вучиќ стартуваше иницијатива за царинска унија.
