Морено прогласи победа на претседателските избори во Еквадор

03.04.2017 11:49

Морено доби над 51% од гласовите, а Гиљермо Ласо речиси 49%.

Левичарскиот владин кандидат за претседател Ленин Морено прогласи победа на претседателските избори во Еквадор, но неговиот опонент од десницата не го признава резултатот и бара пребројување на гласовите.

Морено доби над 51% од гласовите, а Гиљермо Ласо речиси 49%. Поразот на Ласо е олеснителна околност за основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, бидејќи десничарот ветуваше дека ќе го протера од еквадорската амбасада во Лондон доколку победи на изборите.