Трамп: САД еднострано ќе дејствуваат против Северна Кореја, доколку Кина не сака да соработува

03.04.2017 11:58

Средбата со неговиот кинески колега Си Џинпинг е закажана за 6 и 7 април на Флорида на која ќе зборуваат за Пјонгјанг и несогласувањата за економијата.

„САД се подготвени за еднострано соочување со севернокорејската нуклеарна закана, доколку Кина не помогне“, предупреди американскиот претседател Доналд Трамп во интервју за весникот „Фајненшл тајмс“.
 
Средбата со неговиот кинески колега Си Џинпинг е закажана за 6 и 7 април на Флорида на која ќе зборуваат за Пјонгјанг и несогласувањата за економијата.
 
Лани, Северна Кореја изврши две нуклеарни тестирања и меѓународната заедница верува дека разработува нуклеарна ракета, со капацитет да стигне до САД.