Нова авионска линија од Скопје до Будимпешта

03.04.2017 12:03

Менаџментот кој флотата ја збогати со уште еден авион, најави ниски цени на авиобилетите, достапни и по дваесетина евра за предвремени резервации.

Директен лет од Скопје до Будимпешта. Од среда нискобуџетската „Виз Ер“ од аеродромот „Александар Велики“ до унгарската престолнина ќе сообрака два пати неделно.

Менаџментот кој флотата ја збогати со уште еден авион, најави ниски цени на авиобилетите, достапни и по дваесетина евра за предвремени резервации.

Од Скопскиот аеродром се воведуваат уште три нови авиолонии, кон Малта, Рим и Ваксој- Шведска. Државава воздушно се поврзува со 35 европски метрополи, со Дубаи и Доха.