Стафилокока- причина за труењето на работниците во „Леар“

03.04.2017 12:46

Оваа информација сѐ уште не е официјално потврдена, а за тоа пишуваат повеќе портали во земјава. Бактеријата според нив била откриена кај еден од вработените во кујната во приватната фирма која ги подготвувала оброците.

Бактеријата Стафилокока најверојатно била причинител за труењето на речиси 200 работници од третата смена во тетовската фабрика „Леар“. Сепак, оваа информација сѐ уште не е официјално потврдена, а за тоа пишуваат повеќе портали во земјава. Бактеријата според нив била откриена кај еден од вработените во кујната во приватната фирма која ги подготвувала оброците.

Од Агенцијата за храна и ветеринарство информираат дека дополнително ќе излезат со официјална информација за причината за труењето која ќе биде доставена до тетовското Јавно обвинителство.