„За заедничка Македонија“ ќе протестира пред седиштето на ЕУ во Скопје

03.04.2017 14:05

Нивните пораки ќе бидат испратени до првиот човек на Европскиот совет, Доналд Туск, пред сѐ, за унитарност на Македонија.

Иницијативата „За заедничка Македонија“, денеска ќе протестира пред седиштето на канцеларијата на Европската унија во Скопје. Нивните пораки ќе бидат испратени до првиот човек на Европскиот совет, Доналд Туск, пред сѐ, за унитарност на Македонија.

Барањата на организаторите за време на протестот остануваат исти, а тоа е ЕУ да ја отфрли и осуди платформата од Тирана и да бидат распишани нови парламентарни избори.