Силна експлозија во метро во Санкт Петерсбург, најмалку 10 загинати

03.04.2017 14:44

Руската агенција „ТАСС“ објави дека според прелиминарните информации најмалку десет лица загинале, додека десетици биле повредени.

Силна експлозија го потресе метрото во Санкт Петерсбург. Руската агенција „ТАСС“ објави дека според прелиминарните информации најмалку десет лица загинале, додека десетици биле повредени.

На социјалните мрежи се појавија фотографии на кои се гледа густ црн чад и еден оштетен вагон.

Според „Спутник“ затворени се најмалку осум станици. Не е позната причината за експлозијата, но според неофицијални информации, се работи за импровизирана експлозивна направа.