Локализиран пожарот на Скопска Црна Гора
Пожарот на Скопска Црна Гора е локализиран, но сѐ уште постои можност повторно да избувне поради ветерот и тлеењето на дабот. Претпладнево со интервенција на пожарникарите и локалното население, но пред сѐ и со благовремената реакција на авионите на Дирекцијата за заштита и спасување, се спречи натамошното ширење на огнената стихија.

Два канадера беа вклучени во гаснењето на пожарот кој зафати околу 500 хектари трева и ниско стеблеста шума на Скопска Црна Гора во близина до селата Булачани и Раштак. Освен пожарникарите, помагаше и локалното население. Нема повредени. Опожарени се бачило и викендичка.
Надлежните на координативен состанок за справување со огнената стихија. За екипите што беа на терен, дополнителен проблем им беше и ветерот.
Од противпожарната бригада велат дека нема опасност за ширење на пожар на локалните куќи во селата. Екипите се на терен и се справуваат со гаснењето на пожарот.
Пожар зафати и површина од 100 хектари борова шума на голак. Во гаснењето ангажирани екипи и од подружниците на јавното претпријатие „Македонски шуми“.
Ана Јосифоска- Тодоровска
