Собранието продолжува со конститутивната седница
Собранието денеска ја продолжи конститутивната седница на која што се расправа за избор на претседател, заменик на претседателот, членови и нивни заменици на Комисијата за прашања на изборите и именувањата. Ова е шесто продолжение на првата седница на новиот парламентарен состав. На оваа седница на дневен ред е и изборот на претседател на Собранието на Република Македонија.

Шестo продолжување на конститутивната собраниска седница. Пратениците покрај изборот на членови на Комисијата за избори и именувања и овојпат расправаа за тоа кој е поголем патриот, демократ, има или нема албанска платформа и кој сака да ја спроведе во земјата.
Пратениците од партиите од албанска етничка провининција остануваат на ставот: не постои Тиранска платформа, туку само декларација на партииите.
Претседавачот Вељаноски повторно ги повика пратениците да се откажат од репликите и контрарепликите за поскорешно завршување на седницата за состав на Комисијата за избори и именувања, по што би следел и изборот на претседател на Собранието.
Миле Ристески
