Водоводна мрежа за демирхисарските села

10.02.2014 11:30

Овогодинешното инфраструктурно „сефте“ наменето за жителите на селата Стругово и Слоештица. Првите по 15 години ке добијат комплетно ревитализирана водоводна мрежа во должина од 1400 метри. Со проектот тежок 2,6 милиони евра одобрен од програмата за рурален 350 жители за неполн месец ке добијат чиста и здрава вода за пиење. Оцекуваат поставените броила  да придонесат д се заборави на старите навики.

- „Со тоа што надлежноста ја презема јавното комунално претпријатие очекуваме дисциплината да се зголеми затоа што досега никој на внимаваше на потрошувачката и загубите на течноста што живот значи“, рекоа во анкетаа за мтв неколку жители на село Стругово.

Градежната механизација со полна паре работи и во селото Слоештица. Од истата програма се инфетираат 2.8 милиони денари за асфалтирање на локалните улици во должина од еден километар.

- „Се работи за руинирани улици. Пред седум години тука се поставуваше фекална канализација. Но изведуваците не внимавале многу. Сега очекувам жителите да го надминат овој горлив проблем“, рече градоначалникот Лупчо Блажевски.

-„Доколку имате и други издржани проекти како влада ке ги прифатиме“, рече заменик министерот за земјоделие Зоран Коњановски.

Годинава за вакви проекти Фондот е зголемен.

Оваа година финансиската конструкција на програмата за рурален развој изнесува две милјарди и четириесет и пет милиони денари. Средства исклучиво наменети за нови канализациски мрежи, водоводи и локални патишта .

Стевче Митревски