Отворен Саемот за вработување и кариера, се бара свеж кадар
Отворен Саемот за вработување во Скопје. Во наредните три дена преку оваа манифестација ќе се нуди практиканство, обуки, вработување за 35 домашни и странски компании.

35 домашни и странски компании преку Саемот за вработување бараат свеж кадар, студенти од техничките факултети. Нудат можност за практиканство, обуки, но и за вработување. Студентите велат, ова е добра можност за да го почнат својот професионален пат или да се стекнат со потребните искуства и вештини.
Компаниите кои веќе вработиле или обучуваат студенти од техничките факултети велат дека се задоволни од квалитетот на работната сила.
Саемот за вработување и кариера е организиран од студентската организација БЕСТ - Борд на европски студенти по технологија.
Студентите можат да ги остават своите биографии и со тоа да станат дел од дата базата до која имаат пристап сите компании- учеснички од земјава и надвор од неа во текот на целата година.
Дијана Ценевска
