Иванов му ја честиташе победата на Вучиќ

03.04.2017 15:26

Уверен е оти за време на неговиот мандат како претседател на Србија заеднички ќе придонесат за уште поуспешна и поплодна соработка на сите полиња.

Македонскиот претседател, Ѓорѓе Иванов, му ја честиташе изборната победа на Александар Вучиќ. Уверен е оти за време на неговиот мандат како претседател на Србија заеднички ќе придонесат за уште поуспешна и поплодна соработка на сите полиња.

„Градењето добрососедски односи, регионалната стабилност и соработката, интегрирањето во Европската унија се областите кои претставуваат приоритет за Република Македонија. Верувам во заемната подготвеност за блиска соработка со вас на овој план, за доброто на двете држави и народи. Традиционалното пријателство, историските и особено меѓучовечките врски се огромен потенцијал што треба со заеднички напори да го ставиме во функција на зајакнување на меѓусебната доверба и интензивирање на севкупната соработка“- пишува Иванов во честитката до Вучиќ.