Најмалку 10 загинати во силна експлозија во метро во Санкт Петерсбург

03.04.2017 16:15

Според последните информации, во вагон на сината линија во метрото се случиле две експлозии. Се претпоставува дека ги предизвикале импровизирани експлозивни направи. Портпаролот на рускиот Национален комитет за борба против тероризмот потврди дека најмалку 10 луѓе загинале, десетици се повредени.

Силна експлозија го потресе метрото во вториот најголем град во Русија, Санкт Петерсбург. Според последните информации, во вагон на сината линија во метрото се случиле две експлозии. Се претпоставува дека ги предизвикале импровизирани експлозивни направи. Портпаролот на рускиот Национален комитет за борба против тероризмот потврди дека најмалку 10 луѓе загинале, десетици се повредени. Меѓу повредените има и жени и деца. Експлозијата се случила на станицата „Плоштад Сенаја“, а извори од полицијата соопштиле дека направата што експлодирала била полна со шрапнели. На место на инцидентот испратени многу амбулантни возила, беа затворени и повеќе метро станици.

Рускиот претседател Владимир Путин присуствуваше на собир во Санкт Петерсбург. Рече дека се разгледуваат сите опции за експлозијата, вклучително и таа дека се работи за терористички напад.

„Би сакал да го изразам моето сочувство до семејствата и пријателите на жртвите. Зборував со шефовите на безбедносните служби, и тие прават се што е во нивна моќ да ја расветлат причината за овој настан. Можеби станува збор за технички проблем, а можеби е и криминално дело. Се надевам дека истрагата ќе го разјасни тоа“, рече Путин.

Метрото во Санкт Петерсбург е 19-тото најфрекфентно во светот, со повеќе од 2 милиона патници дневно. Во 2009-та година бомба експлоздира во брз воз кој сообраќал на релација Москва- Санкт Петерсбург, при што загинаа 27-мина, а беа повредени беа 130. Одговорноста ја презеде Исламистичка група.

 

Марина Автовска