Сочувство од Димитирев до Медведев по нападот во Санкт Петербург

04.04.2017 10:22

Терористичките закани не смеат и нема да го променат слободниот начин на живот без страв, пишува Димитриев во телеграмата.

Претседателот на Владата, Емил Димитриев испрати писмо со сочувство до премиерот на Руската Федерација, Димитриј Медведев по повод терористичкиот акт во Санкт Петербург.

Терористичките закани не смеат и нема да го променат слободниот начин на живот без страв, пишува Димитриев во телеграмата. Во неа македонскиот премиер додава дека Република Македонија ќе продолжи да биде партнер на целата меѓународна заедница во борбата против тероризмот во која, како што посочува, потребен е заеднички, координиран и одлучен одговор.