Амбасадорот на Албанија во Македонија повикан на средба во МНР

04.04.2017 10:43

Како што соопшти МНР, на средбата било потенцирано дека изјавите на претседателот на Владата и министерот за надворешни работи на Република Албанија за двонационалност и менување на уставното уредување на Република Македонија се отворено мешање во внатрешните работи на Република Македонија.

По зачестените навредливи изјави и коментари од официјални лица на Република Албанија, насочени кон Република Македонија и нејзините граѓани, вчера на разговор во Министерството за надворешни работи бил повикан албанскиот амбасадор во земјава.

На средбата било потенцирано дека изјавите на претседателот на владата и министерот за надворешни работи на Република Албанија за двонационалност и менување на уставното уредување на Република Македонија, се отворено мешање во внатрешните работи на државава.

Апелиравме да се прекине со провокациите, да се почитува сувереноста и да се работи на планот на добрососедството, за доброто на сите во регионот, стои во соопштението од МНР.