Тилерсон ќе претседава со седницата на СБ на ОН посветена на Северена Кореја

04.04.2017 10:28

Седницата би требало да се одржи на 28-ми април.

Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон ќе претседава со состанокот на Советот за безбедност на Обединетите Нации, на која ќе расправа за борбата против забранетото нуклеарно оружје и ракетната програма на Северна Кореја.

Седницата би требало да се одржи на 28-ми април. На Северна Кореја и беа воведени санкции од Обединетите Нации од 2006-та година поради развивањето нуклеарни и ракетни програми.