Започна најнежната спортска олимписка дисциплина
Елегантно, грациозно, уметнички, а спортски, влезе во златната зона преку уметничкото лизгање, домаќинот на 22-ти зимски олимписки игри, Русија.
15 годишната Липнитскаја кај дамите, Плушенко кај лизгачите, како и спортската двојка Столбова/Климов се оние кои ја дадоа потврдата на сигурното прво олимписко домашно злато од најмаладата дисциплина во уметничкото лизгање, тимскиот настап. Танцовото трето место на Илних и Катсаларов само го завери најсјајното олимписко домашно одличје.

Новината во екипното презентирање подразбира 10 репрезентации со по двајца натпреварувачи или две двојки. Оние кои ќе изборат во заедничкиот бодовен коефициент место од прво до петто, се дел од финалната завршница, од каде се добиваат освојувачите на медали.
Во историската ноќ конечниот подиум во Азберг лизгачката палата гласи.... Русија, Канада па Америка. Трио, кое во спортските и танцовите двојки ќе бидат оние меѓу кои ќе се бара распоредот на пиедесталот, со секако промешување кај спортските двојки на кинезите, кај танцовите на Италијанците, додека во поединечната конкуренција мешање за медал ќе има повторно на азиските претставници.
Следното естетско уживање на МТВ го гледаме в среда со спортските двојки.