СЈО: Во тек се проверки поврзани со финансиски истраги за поголем број физички и правни лица

04.04.2017 12:12

Целта е спроведување финансиски истраги против поголем број физички и правни лица и за да се провери нивниот движен и недвижен имот, стои во дописот од СЈО.

Специјалното јавно обвинителство до различни институции испратило голем број барања заради податоци што се поврзани со предистражни постапки. Во соопштението до државните институции укажуваат да преземат мерки со кои ќе се оневозможи јавно објавување на податоците за предистражни постапки кои се тајни.

Целта е спроведување финансиски истраги против поголем број физички и правни лица и за да се провери нивниот движен и недвижен имот, стои во дописот од СЈО.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, на социјалните мрежи објави документи кои ги бара СЈО, едно до Министерството за транспорт и врски, односно до Агенцијата за цивилно воздухопловство и до Централниот регистар- дали бил сопственик или управител на фирма во период од 2008 до 2015 година.

Милошоски на Фејсбук статусот обвини дека СЈО продолжува со притисок врз неистомислениците, тврдејќи дека нема авиони и фирми кои Јанева ги бара.