Во прекин патот Крива Паланка- Куманово поради сообраќајка

04.04.2017 12:35

Како што соопшти АМСМ, сообраќајот на останатите државни патишта се одвива вообичаено и без застои ...

Поради сообраќајна несреќа, од 12:00 часот сообраќајот на магистралниот пат А2 Крива Паланка - Куманово кај местото викано „Просеченик“ е во прекин во двата правца.

Како што соопшти АМСМ, сообраќајот на останатите државни патишта се одвива вообичаено и без застои по наместа влажни коловози.