ВМРО-ДПМНЕ: Неопходно е обединување околу највисоките национални и државни интереси

04.04.2017 12:49

СДСМ молчи околу манифестот кој обединува и сплотува, а прифати да ја реализира Тиранската платформа која разединува, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

На Република Македонија неопходно и е обединување околу највисоките национални и државни интереси. Тоа го нуди Манифестот за единствена Република Македонија, кој го предложи ВМРО-ДПМНЕ во интерес на државата, се наведува во денешното соопштението на партијата.

Манифестот за единствена Република Македонија повикува на национално обединување на сите граѓани, верски организации, партии и општествени чинители. Темел на Манифестот е обединување околу државните и национални интереси и зачувување и промоцијата на националниот, културниот и јазичен идентитет на Македонците и граѓаните од останатите етнички групи и заедници.

СДСМ молчи околу манифестот кој обединува и сплотува, а прифати да ја реализира Тиранската платформа која разединува, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.