СДСМ: Иванов да овозможи мирен трансфер на власта

04.04.2017 12:51

Никој не смее да го кочи заедништвото кое е јасно нагласено и за напредувањето на Македонија кон членството во ЕУ и во НАТО.

Иванов да овозможи мирен трансфер на власта, велат од СДСМ. Лидерите и институциите на ЕУ, преку претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск побараа демократски начела, пристојност и здрав разум од Ѓорге Иванов.

Никој не смее да го кочи заедништвото кое е јасно нагласено и за напредувањето на Македонија кон членството во ЕУ и во НАТО. Интергациите во Европската унија и НАТО се стратешки определби на граѓаните и на Република Македонија, се наведува во соопштението од партијата.

Според СДСМ, реформските процеси се врвен приоритет во програмата на новата реформска влада на унитарна Македонија, којашто обезбедува владеење на правото и квалитетен живот во едно општетство за сите граѓани.