Брисел: Дводневна конференција за хуманитарна помош за Сирија

04.04.2017 15:07

Во Брисел дводневна конференција за хуманитарна помош за Сирија. Присутни се претставници од повеќе од 70 држави и меѓународни организации. Додека не дојдеме до политичко решение, нашата поддршка за сирискиот народ ќе мора да продолжи, изјави еврокомесарот за хуманитарна помош Христос Стинианидис...

„Тука сме да ја покажеме нашата конкретна солидарниост кон сиријскиот народ кој секојдневно изминативе седум години се соочува со трагични животни ситуации, страв, агонија и очај. Ние нема да ве изневериме“, порача Кристос Стинианидис, комесар за хуманитарна помош и кризен менаџмент на конференцијата во Брисел, организирана од страна на ЕУ, а со поддршка на ОН, Герамнија, Кувајт, Норвешка, Катар и Велика Британија. За исполнување на таа цел, потребна е заедничка политичка одлука и повеќе акција, истакна Стинианидис.

Нема хуманитарно решение на ова криза, само политичка одлука може да стави крај на човечките страдања. ЕУ целосно ги поддржува напорите на Обединетите нации, и додека не дојдеме до политичко решение, нашата поддршка до народот на Сирија ќе мора да продолжи“, рече комесарот Стинианидис.

Ваквата решителност доаѓа после констатацијата дека за жал мировните сили, досега не покажаа успех на теренот, односно и покрај договорот за прекин на огнот, борбите во Сирија продолжија- рече комесарот за хуманитарна помош.

Според него, иднината на земјата и воопшто на регионот се неизвесни, а просперитетот е рамен на нула. На денешната конференција тој изрази големо признание за посветеност и храброст на сите хуманитарни работници кои беа вклучени во хуманитарната помош, од кои најголем број се токму Сиријци.

 

Марина Стојанова- Тонева, постојан дописник од Брисел за МРТ