Рурални иницијативи за вработување

04.04.2017 16:28

Како повешто, подготвено и побрзо до работното место за младите од руралните средини од социјално ранливите категории. Во тек е проект на центрите за социјални работи за обука на младите во таканаречени меки вештини. 60 млади од прилепскиот регион годинава треба да го најдат своето работно место.

Климентина Јагуриноска и Николче Василоски од прилиепско Големо Коњари трудољубиво се обучиваа со вештини како да стигнат до работно место и да му дадат смисла на животот. Ќе добијат и возачки дозволи за да ја збогатат личната биографија.

60 млади од Прилеп, Кривогаштани и Долнени се дел од проектот финансиран од ИПА програмата насловен „Рурални иницијативи за вработување“. Петдневната обука за вработување, однесувањето на работното место и трите бизнис форуми кои им го обезбедуваат контактот со фирмите, треба да им го променат животот на младите од 18 до 35 од руралните средини од социјално ранливите категории.

Партнерот на проекотот,  Младинскиот културен центар од Битола има слични долгогодишни искуства за поттикнување на младите за вработување.

Ова е прв ваков партнерски проект на јавна и граѓанска институција кој треба да ги поттикне и другите да покренат слични иницијативи и да се користат ИПА средствата од Европската унија.

 

Елизабета Митреска