Раст на добиточното производство

05.04.2017 10:32

Минатата година сточарите произвеле повеќе млеко и месо. Намалување имало само во живинарството и тоа кај производството на јајца. Ваквиот тренд продолжува и на пазарот се пласираат помали количества од побарувачката која пред Велигденските празници вообичаено се зголемува и може да се очекува уште еднаш да ја дигне цената повисоко од редовната.

Според податоците од статистика, производството на кравјото млеко во 2016 година изнесувало 400.000 литри, што е за 11,5 проценти повеќе во однос на претходната година.

Зголемување е забележано кај овчото млеко за скоро 1 и кај козјото за 24 отсто.

Производство на месо, пак,  во вкупен износ е зголемено за 2,7 проценти, и тоа благодарение на производството на свинското кое скокнало за 18 проценти во однос на 2015-та година, додека кај другите видови на месо производството бележи помали количества.

Во оваа земјоделска гранка и другите производи од добиток исто така се намалиле.

Во 2016-та, во однос на 2015-та година, овчарите и живинарите освен помалку јајца, произвеле и помалку волна за продавање. 

Методија Трајков