Протести против Вучиќ во неколку градови во Србија
05.04.2017 11:19
Вучиќ доби 55 насто од гласовите, додека опозицискиот кандидат Саша Јанковиќ беше втор со над 16 проценти.

Во неколку градови во Србија беа одржани протести против победата на премиерот Александар Вучиќ на претседателските избори од 2-ри април. Вучиќ доби 55 насто од гласовите, додека опозицискиот кандидат Саша Јанковиќ беше втор со над 16 проценти.
Некои од демонстрантите обвинуваат дека изборите биле наместени, но досега не излегоа со конкретно барање.
Вучиќ вети дека ќе го продолжи српскиот курс кон Европската унија, истовремено работејќи на зачувување на односите со Русија.
