Нова авионска линија Скопје- Будимпешта

05.04.2017 12:33

Од денска со „Виз Ер“ два пати неделно директен лет до унгарската престолнина. Менаџментот кој флотата ја збогати со уште еден авион, најави ниски цени на авиобилетите.

На Скопскиот аеродром „Александар Велики“ слета авионот од Будимпешта. Од денска со „Виз Ер“ два пати неделно директен лет до унгарската престолнина. Менаџментот кој флотата ја збогати со уште еден авион, најави ниски цени на авиобилетите.

Со летниот ред на летање од Скопскиот аеродром се воведуваат уште три нови авиолонии, кон Малта, Рим и Ваксјо- Шведска.

На барање на бизнис еснафот, директна конекција и со пазарите на Блискиот Исток, авионски Македонија се поврзува со Катар. Државава воздушно се поврзува со 35 европски метрополи, со Дубаи и Доха.