Доставена резолуција за осуда на нападот со хемиско оружје во Сирија

05.04.2017 12:21

Доколку резолуцијата биде усвоена, на генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш ќе му биде наложено на секои 30 дена да известува за тоа како сириските власти соработуваат со истрагата.

САД, Велика Британија и Франција доставија до Советот за безбедност на Обединетите нации нацрт-резолуција, со која се осудува нападот со хемиско оружје во Сирија и се повикува на брза и итна истрага.

Во нападот загинаа 58 лица, а ранети беа 170. Доколку резолуцијата биде усвоена, на генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш ќе му биде наложено на секои 30 дена да известува за тоа како сириските власти соработуваат со истрагата.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека нападот врз источните квартови на Хан Шејхун бил извршен од сириската авијација.