Промоција на „Г-дур“ од Тамара Јолевска - Попов
10.02.2014 11:59
Во кино Фросина во Скопје ќе се одржи промоција на „Г-дур“, кратки раскази од Тамара Јолевска-Попов.

Авторката своите раскази на сцената на Фросина ќе ги претстави со музичка подршка на составот Бета Хаус, рецензент е Тина Иванова а презентер Владимир Петровиќ.
Јолевска – Попов е родена 1987-ма година во Скопје. Средното образование го завршила во уметничкиот колеџ „Бромстроув“ во Бирмингем, Велика Британија. Англиски и шпански јазик и книжевност дипломирала на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје.
Автор е на неколку драмски текстови а збирката куси раскази „Г дур“ е нејзина прва литературна објава.
