ЕУ вети хуманитарна помош за Сирија
Хуманитарните напори ќе бидат реализирани со реален напредок на преговорите во Астана за стопирање на огнот во Сирија и на средбите во Женева, каде што се бара политичко решение за сирискиот конфликт.

Европската унија вети дека ќе даде хуманитарна помош за Сирија. Хуманитарните напори ќе бидат реализирани со реален напредок на преговорите во Астана за стопирање на огнот во Сирија и на средбите во Женева, каде што се бара политичко решение за сирискиот конфликт.
„ЕУ целосно ги исполни ветувањата за 2016 година, го задржа нивото на поддршка за 2017 година. Ги испочитувавме заложбите за ниво од 560 милиони евра во 2018 година и уште толку во 2019 година“, изјави претставничката на ЕУ за надворешна политика, Федерика Могерини.
На отворањето на Меѓународната донаторска конференција во Брисел посветена на Сирија беше потенцирано дека сите производи кои ќе бидат купени со средствата ќе бидат распоредени преку меѓународните невладини организации и агенциите на ОН.
