Продолжи конститутивната собраниска седница
Осмо продолжение на конститутивната седница во Собранието на Република Македонија. На дневен ред и натаму е составот на Комисијата за избори и именувања.

Социјал демократите јавно да кажат што прифатиле да реализираат од Албанската платформа, побара повторно ВМРО-ДПМНЕ од собраниската говорница. За нив е неприфатливо некој да седи во Комисијата за избори и именувања, а претходно, како што рекоа, сквернавеле некои од институциите.
Од ДУИ сметаат дека од собраниската говорница никој не треба да ги прозива, бидејќи не учествуваат во репликите на пратениците.
Следуваше ставот на поголемиот дел од Социјал- демократите кои излегоа од салата и рекоа ќе зборуваат само за процедурални забелешки. Негодуваат на водењето на седницата и одново побараа претседавачот Вељаноски да се повлече од спикерската позиција.
Досега на седницата говореа четворица дискутанти. Според претседавачот Трајко, Вељаноски, за осум дена расправа имало над 420 реплики, 140 контрареплики и речиси 870 процедурални забелешки.
Миле Ристески
