Русија: Уапсени шест лица поради поврзаност со радикалните исламисти
05.04.2017 14:39
Федералниот истражен комитет нема докази дека уапсените биле поврзани со киргистанецот, Акбаржон Џалилов...

Руските власти уапсиле шест лица од Централна Азија осомничени дека врбувале луѓе за исламистички милитанти организации.
Федералниот истражен комитет нема докази дека уапсените биле поврзани со киргистанецот, Акбаржон Џалилов, осомничен за самоубиствениот бомбашки напад во метрото во Санкт Петербург во кој загинаа 14 луѓе.
