Поголема безбедност: За две години нови бар- кодови на лековите
Европската унија бара до февруари 2019-та фармацевтските компании, дистрибутерите, аптеките, болниците, да го применуваат новиот систем што треба да ја зголеми безбедноста на пациентите преку поголема видливост во синџирот на снабдување со лекови.

Европската унија бара за две години, фармацевтските компании, дистрибутерите, веледрогериите и болниците да го применуваат дата матрикс стандардот. Со него треба да се зголеми безбедноста на пациентите преку поголема видливост во синџирот на снабдување со лекови, процесот да стане потранспарентен. Ќе биде и поразлично обележување на пакувањето на лекот.
Според упатените, бар- код симболот ќе овозможи идентификацијата на фармацевтските производи и медицински помагала, ќе го намали ризикот пациентите да користатат фалсификуван или погрешен лек.
Целиот процес значи дека се воведува бар- код од новата генерација, и тоа уште во производствениот процес.
Анализите на глобално ниво покажуваат дека со користењето единствени глобални стандарди за индентификација ќе се спасат над 40 илјади пациенти годишно кои умираат поради фалсификувани или погрешни лекови. Вкупно, здравствените системи би заштедиле и до 100 милијарди долари.
Наташа Јанчиќ
