Брегзит: Парламентот расправа, провокации на Гибралтар
Главниот преговарач на Европската унија за Брегзит, Мајкл Барниер и порача на Велика Британија колку поскоро ги прифати условите за развод од Унијата, толку поскоро ќе може да ги почне преговорите за идниот трговски договор.

Британските власти соопштија дека патролен чамец на шпанската морнарица без дозвола навлегол во територијалните води на Гибралтар. Инцидентот се случува само еден ден откако шпанскиот шеф на дипломатијата побара од британската влада да се сочува „студена глава“ во преговорите за иднината на Гибралтар, по сугестијата на британската премиерка Тереза Меј дека е подготвена да војува за да ја задржи стратешки важната територија. Откако во документ на ЕУ беше сугерирано дека Шпанија би добила вето на пост- Брегзит договорите за управување со британската територија, британската влада нагласи дека премиерката би била подготвена да го брани Гибралтар исто како што Маргарет Тачер ги одбранила Фокландските Острови.
Главниот преговарач на Европската унија за Брегзит, Мајкл Барниер и порача на Велика Британија колку поскоро ги прифати условите за развод од Унијата толку поскоро ќе може да ги почне преговорите за идниот трговски договор.
„Ако нема договор, последиците ќе бидат тешки, особено за обединетото кралство, но исто така и за унијата. Токму затоа сценариото без договор не е наше сценарио. Нашата амбиција е да успееме. Тоа е нашата должност кон граѓаните“, рече Берниер.
Поранешниот лидер на британската антиевропска, десничарска партија УКИП, Најџел Фараж, во дебатата за Брегзит во Европскиот парламент, рече дека Европската унија се однесува како „мафија“, затоа што бара од Британија да си ги плати сметките за своето членство во Унијата. Жестока дебата се развила откако десетина европратеници рекле дека Британија не може да „туку така да излезе“ од Унијата, како и дека сега не може да бара исти или и подобри права за себе, во текот на преговорите за Брегзит.
Меј: Уште 5 години слободен влез за државјаните на ЕУ
Во меѓувреме британската премиерка, Тереза Меј изјави дека слободното влегување на државјаните на ЕУ во Велика Британија ќе биде на сила уште најмалку пет години. Меј истакна дека британците мора да ги стават под контрола своите граници, но дека тоа не значи забрана за слободен влез на граѓаните на Унијата. На Велика Британија ќе и требаат најмалку три години за целосно да се оддели од ЕУ.
Европскиот парламент има право на вето на договорот што ќе го постигнат ЕУ и Британија, ако оценат дека е неповолен за Унијата. На 29 март Британија го активира член 50 од договорот за ЕУ, со што даде сигнал за почеток на долгиот период на преговори меѓу Лондон и Брисел.
Марина Автовска
