„Тема“ со рецензија на „Дваесет и првиот“- роман на Томислав Османли
10.02.2014 12:40
Под наслов „Живот на размеѓа од столетијата“ најновиот број на хрватското списание „Тема“ посветено на литературата донесува рецензија на романот „Дваесет и првиот“ на Томислав Османли, од истакнатиот хрватски книжевен критичар Божидар Алајбеговиќ.

Во анализата, критичарот потенцира дека објавата на романот на Османли е само петтиот по ред македонски роман објавен во Хрватска во последниве 15 години.
- Станува збор за роман на општествена критика и на универзален поглед, без оглед на македонските референци со кои изобилува романот „Дваесет и првиот“. Томислав Османли создава сложен, постмодернистички и убедлив роман за хаотичноста на животот на преминот од милениумите, истакнува Алајбеговиќ.