Брисел: Меѓународна ангажираност за мир во Сирија

05.04.2017 15:34

Во Идлиб се напаѓа со хемиско оружје, во Брисел се бара мирно решение. Меѓународната заедница со став – треба притисок врз завојуваните страни, но и врз државите кои им влијаат.

Силна меѓународна ангажираност за восопоставување на мир во Сирија, и обезбедување на хуманитарна помош за Сиријците е целта на конференцијата во Брисел на која домаќин е високата претставничка на Европската унија, Федерика Могерини.

Мора да ја обединиме меѓународната заедница, и покрај постоечките преговори да вршиме сериозни притисоци, бидејќи само сириските партии можат да се согласат за политичко решение за крај на војната“, рече Могерини.

Наш приоритет е да ја обединиме меѓународната заедница да биде во можност да изврши притисок врз страните во конфликтот и врз државите кои имаат влијание врз страните на конфликтот, да ги стават на страна разликите и дека има фундаментална потреба да се стави крај на војната“, изјави генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.

Итниот состанок на шефовите на дипломатиите, доаѓа веднаш по наводниот напад со хемиско оружје во провинцијата Идлиб, кој пак се случува непосредно по официјлниот став на САД дека не им е приоритет политичката кариера на сирискиот председател Асад, и терористичкиот напад во Санкт Петербург, Русија. Ова во најголем дел беа прашањата на медиумите, а на кои се немаше конкретен одговор.

Реков дека ни е потреба сериозна истарага да ги отргнеме сомневањата, како и да биде поднесена соодветна одговорност врз база на таа истрага“, нагласи Гутереш.

Ние треба да видиме што навистина се слуцило. Ако се потврди дека станува збор за уште еден хемисики напад на режимот на Асад, со или без помош на Русија, мислам дека покажува дека се нема никакво сочувство спрема својот народ“, рече министерот за надворешни работи на Велика Британија, Борис Џонсон.

Сиријските емигранти, за кои се калкулира дека се над 10 милиони, се најчувствителниот проблем за ЕУ и државите од регионот.

90 проценти од младите во Либан се чувствуваат небезбедни поради сириските емигранти. Тензиите меѓу двете заедници достигнаа опасно ниво. Ова може да предизвика социјални немири и насилства, со што ја загрозува државната безбедност“, рече Сад Ал-Харири, премиер на Либан.

Освен за Сирија итно е неопходна хумантирна помош и за државите во регионот кој индиректно трпат последици. Могерини изрази верување дека ќе можат милиони, па дури и над милијарда евра да се пременаменат за ова цел.

 

Марина Стојанова- Тонева, постојан дописник од Брисел за МРТ