Западен Балкан: Отворени 300.000 нови работни места за шест години
Од 5,5 милиони во 2010-та година, бројот на вработени пораснал на 5,8- покажува анализата на Светска банка и на Виенскиот институт за меѓународни економски студии. Сепак, шесторката држави: Македонија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Косово и Албанија, делат заеднички проблеми...

Над 300.000 нови работни места се отворени изминативе шест години во шесте држави од Западен Балкан, кои не се членки на ЕУ. Од 5,5 милиони во 2010-та година, бројот на вработени пораснал на 5,8- покажува анализата на Светска банка и на Виенскиот институт за меѓународни економски студии. Сепак, шесторката држави: Македонија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Косово и Албанија, делат заеднички проблеми: недостиг од потребните вештини на пазарот на труд, ниското ниво на претприемништво и на продуктивност. Според економистите, мора да се вложува во знаењата и вештините, да се гради претприемачката култура.
На пазарот се потребни структурни реформи, бидејќи економскиот раст сам по себе нема да биде доволен да ги креира работните места кои се потребни на пазарот- се вели во анализата на Светска банка и Виенскиот институт. Според Зоран Витанов, формалното образование не треба да ограничува, туку да создава креативни кадри.
Витанов предупредува дека во наредниот период компаниите од ИТ секторот , од комуникациите, маркетинг и софтверот ќе направат бум на светските пазари.
Дијана Ценевска
