Метео: Зголемена облачност, повремени врнежи од дожд
05.04.2017 15:45
Кон крајот на денот и во текот на ноќта кон петок во западните делови се можни врнежи од снег на планините и на некои повисоки места.

Утрешниот ден во Македонија ќе донесе променливо облачно време, на повеќе места со зголемена облачност проследена со повремени локални врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет.
Кон крајот на денот и во текот на ноќта кон петок во западните делови се можни врнежи од снег на планините и на некои повисоки места.
Ќе дува умерен повремено засилен северен ветер, поизразен долж Повардарието.
Гледајте МЕТЕО со Наташа Алексоска
