Уставниот суд поведе постапка за Законот за просторно и урбанистичко планирање

05.04.2017 15:55

Подносители се неколку невладини организации кои сметаат дека се нарушува принципот на поделба на власта и владеење на правото. Судиите, одлуката за поведување постапка, ја донесоа со мнозинство број гласови.

Уставниот суд поведе постапка за оценување на дел од Законот за просторно и урбанистичко планирање која дозволува да се градат објекти за кои Владата ќе утврди дека се од посебен интерес.

Подносители се неколку невладини организации кои сметаат дека се нарушува принципот на поделба на власта и владеење на правото. Судиите, одлуката за поведување постапка, ја донесоа со мнозинство број гласови.

Дел од судиите со став дека на Владата и се одврзани рацете се што смета да опредили дека е од посебен интерес, дел со став дека Владата има дискреционо право да ги определи објектите.