Услови за користење средства од ИПАРД 2
Фармерите и земјоделските фирми за да аплицираат за ко-финансирање од ИПАРД 2 програмата чиj оглас се очекува наскоро, треба да исполнуваат минимални услови во однос на површината и на бројот на добиток. За поголем број на земјоделци да можат да ги користат европските пари критериумите во новата програма се намалени.

Сите кои ќе конкурираат за ИПАРД 2 програмата мора да бидат регистрирани во системот за идентификација на земјишните парцели со точно определена минимална големина во зависност од културите кои ги одгледуваат.
За инвестиции во овоштарници, лозја и пластеници површините треба да бидат најмалку 0,3 хектари, за расадници 0,1, половина хектар за зеленчук на отворено, а за набавка на земјоделска механизација за житните култури треба да имаат 1 хектар.
Во сточарството стадата мора да се регистрирани со минимум потребниот број на животни или пак баранатиот број на добитокот да се достигне до крајот на реализирањето на инвестицијата.
Потребниот минимален услов е да се поседуваат 5 крави или 12 телиња,15 овци или кози, 16 маторици или 300 прасиња и 1.400 бројлери или 700 несилки.
Методија Трајков
