Нов напад во Русија
06.04.2017 10:15
Еден од напаѓачите загинал во престрелката, а останатите тројца првин побегнале, но подоцна биле ликвидирани.

Убијците на двајца полицајци во рускиот град Астрахан беа ликвидирани откако ранија уште тројца полицајци во нов напад. Радикалните исламисти пукале во припадниците на безбедносните сили, кои се обиделе да го запрат нивното возило.
Еден од напаѓачите загинал во престрелката, а останатите тројца првин побегнале, но подоцна биле ликвидирани.
Двајца од ранетите полицајци се во тешка здравствена состојба. Нападот врз полицајците во Астрахан се случи по самоубиствениот-бомбашки напад во метрото во Санкт Петербург кога загинаа 14 луѓе.
